Езекиел 41:7-13 MKB

7 Широчината на просториите се зголемуваше од кат до кат, зашто тие се наоколу на катови, го опкружуваа Храмот, а Храмот, одејќи нагоре, оставаше сè поширок простор. Од најдолниот кат се одеше нагоре до најгорниот низ средниот.

8 Тогаш видов сè околу Храмот некаква височина. Основите на страничните простории: цела трска, шест лакти.

9 Дебелината на надворешниот ѕид на страничните соби: пет лакти. Преминот меѓу страничните простории на Храмот

10 и собите беше сè наоколу Храмот, дваесет лакти широк.

11 Од страничните простории излегуваа за премин една врата кон север и една кон југ. Преминот беше широк пет лакти секаде наоколу.

12 Зградата што го затворуваше заградениот простор од запад беше широка седумдесет лакти, а ѕидот на таа градба секаде наоколу беше дебел пет лакти и долг деведесет лакти.

13 Тој го измери Храмот: беше долг сто лакти. Заградениот простор неговото здание и ѕидовите, долги сто лакти.