8 Тогаш видов сè околу Храмот некаква височина. Основите на страничните простории: цела трска, шест лакти.
9 Дебелината на надворешниот ѕид на страничните соби: пет лакти. Преминот меѓу страничните простории на Храмот
10 и собите беше сè наоколу Храмот, дваесет лакти широк.
11 Од страничните простории излегуваа за премин една врата кон север и една кон југ. Преминот беше широк пет лакти секаде наоколу.
12 Зградата што го затворуваше заградениот простор од запад беше широка седумдесет лакти, а ѕидот на таа градба секаде наоколу беше дебел пет лакти и долг деведесет лакти.
13 Тој го измери Храмот: беше долг сто лакти. Заградениот простор неговото здание и ѕидовите, долги сто лакти.
14 Широчината на челото на Храмот со заградениот простор кон исток: сто лакти.