Езекиел 42:13-19 MKB

13 И ми рече: „Северните и јужните простории пред заградениот простор се простории на Светилиштето: таму свештениците кои Му пристапуваат на Господа ќе ги јадат најголемите светини. Тие ќе ги оставаат тука најголемите светини, лебниот принос, жртви за грев и жртви за престапи, зашто тоа место е свето.

14 А кога свештениците ќе влегуваат, нема да излегуваат од Светилиштето во надворешниот двор, туку ќе ја оставаат облеката во која ја служеа службата, зашто е света, и ќе облекуваат друга облека, за да можат да му се приближат на местото одредено за народ.”

15 Откако ја измери внатрешноста на Домот, ме изведе низ источната врата и измери сè наоколу.

16 Со мерачка трска ја измери источната страна: беше пет стотини трски, мерачки трски,

17 а потоа се сврти и ја измери северната страна: беше пет стотини трски, мерачки трски.

18 Тогаш се сврти кон јужната страна и измери: пет стотини трски, мерачки трски.

19 Потоа се сврти кон западната страна и измери: пет стотини трски, мерачки трски.