4 Пред просториите беше премин кон внатрешноста, широк десет лакти и долг сто лакти. Вратите им беа свртени кон север.
5 Горните простории беа помали, зашто ходниците им го одземаа просторот, од долните и од средните.
6 Зашто беа на три ката, но немаа столбови како во дворот. Затоа горните простории беа потесни од долните и од средните.
7 Надворешниот ѕид, вдолж на собите кон надворешниот двор, пред собите, беше долг педесет лакти.
8 Зашто должината на собите на надворешниот двор беше педесет лакти, а на оние пред Храмот сто лакти.
9 Во тие простории влезот им беше од исток на оној кој им приоѓаше од надворешниот двор.
10 По широчината на ѕидот на дворот кон исток, пред самото здание, имаше уште простории.