5 Горните простории беа помали, зашто ходниците им го одземаа просторот, од долните и од средните.
6 Зашто беа на три ката, но немаа столбови како во дворот. Затоа горните простории беа потесни од долните и од средните.
7 Надворешниот ѕид, вдолж на собите кон надворешниот двор, пред собите, беше долг педесет лакти.
8 Зашто должината на собите на надворешниот двор беше педесет лакти, а на оние пред Храмот сто лакти.
9 Во тие простории влезот им беше од исток на оној кој им приоѓаше од надворешниот двор.
10 По широчината на ѕидот на дворот кон исток, пред самото здание, имаше уште простории.
11 Пред нив имаше премин како пред собите сместени кон север: со иста должина и со иста широчина; и сите нивни излези, распоредот и вратите, им беа еднакви.