Езекиел 42:8-14 MKB

8 Зашто должината на собите на надворешниот двор беше педесет лакти, а на оние пред Храмот сто лакти.

9 Во тие простории влезот им беше од исток на оној кој им приоѓаше од надворешниот двор.

10 По широчината на ѕидот на дворот кон исток, пред самото здание, имаше уште простории.

11 Пред нив имаше премин како пред собите сместени кон север: со иста должина и со иста широчина; и сите нивни излези, распоредот и вратите, им беа еднакви.

12 Беа како влезовите во собите што беа кон југ: влез на почетокот на секој премин, спроти ѕидот на зданието, кон исток на оној кој влегуваше во нив.

13 И ми рече: „Северните и јужните простории пред заградениот простор се простории на Светилиштето: таму свештениците кои Му пристапуваат на Господа ќе ги јадат најголемите светини. Тие ќе ги оставаат тука најголемите светини, лебниот принос, жртви за грев и жртви за престапи, зашто тоа место е свето.

14 А кога свештениците ќе влегуваат, нема да излегуваат од Светилиштето во надворешниот двор, туку ќе ја оставаат облеката во која ја служеа службата, зашто е света, и ќе облекуваат друга облека, за да можат да му се приближат на местото одредено за народ.”