1 Потоа ме одведе назад кон надворешната врата на Светилиштето, што гледаше кон исток: беше затворена.
2 И Господ ми рече: „Оваа врата ќе биде затворена; нека не се отворува, и никој нека не влегува низ неа, зашто Јас, Господ, Израелевиот Бог, поминав низ неа - затоа нека биде затворена.
3 Само кнез, зашто е кнез, смее да седне тука и да јаде пред Господа; тогаш нека влезе низ тремот на вратата и нека излезе по истиот пат.”
4 Потоа ме одведе кон северната врата пред Домот. Погледнав, и ете: Господовата Слава го беше наполнила Господовиот Дом. Паднав на лице.
5 Господ ми рече: „Човечки сине, внимавај грижливо, гледај добро и слушај внимателно што ќе ти речам за сите уредби на Господовиот Дом и за сите Негови закони. Внимавај добро кој смее да влезе во Домот и кој е одделен од Светилиштето.