Езекиел 44:5-11 MKB

5 Господ ми рече: „Човечки сине, внимавај грижливо, гледај добро и слушај внимателно што ќе ти речам за сите уредби на Господовиот Дом и за сите Негови закони. Внимавај добро кој смее да влезе во Домот и кој е одделен од Светилиштето.

6 Речи му на бунтовничкиот род, на Израелевиот дом: ‘Господ Бог зборува вака: „Веќе се премногу вашите гадости, Израелев дому!

7 Воведувате туѓинци, со необрезано срце и со необрезано тело, та влегоа во Моето Светилиште и го обесветија Мојот дом додека вие ги принесувавте Мојот леб и мрсното и крвта, и така го раскинавте Мојот Завет, со сите тие расипаности.

8 Самите не ја чувавте Мојата светина, туку нив ги наместивте место себеси како чувари во Моето Светилиште.”

9 Господ Бог зборува вака: „Ниеден туѓинец, со необрезано срце и со необрезано тело, веќе да не влегува во Моето Светилиште - ниеден туѓинец кој живее меѓу Израелевите синови.

10 А левитите, кои се оддалечија од Мене, тогаш кога Израел заскита од Мене по своите идоли, ќе го носат своето беззаконие.

11 Ќе служат во Светилиштето само како стражари при вратите на Домот и како прислужници во Домот: ќе му колат на народот паленици и други жртви и ќе му бидат на служба.