1 ”Кога ќе ја делите земјата со жрепка во наследство, принесете Му како задржан принос на Господа еден свет дел од земјата долг дваесет и пет илјади лакти, широк десет илјади; тоа нека биде свето подрачје вдолж и напреку.
2 Од тоа за Светилиштето нека биде четвртесто од пет стотини лакти и чистинка од педесет лакти наоколу.
3 Од тоа подрачје измери во должина дваесет и пет илјади лакти, а во ширина десет илјади: тука нека биде Светилиште - Светина над Светините.
4 Тој свет дел од земјата им припаѓа на свештениците, кои служат во Светилиштето и кои пристапуваат кон Господа за да му служат: таму нека им биде местото за куќи; и тоа нека е свето место што му припаѓа на Светилиштето.
5 Дваесет и пет илјади во должина и десет илјади во широчина нека им бидат на левитите, кои му служат на Домот таму нека изградат градови во кои ќе живеат.
6 За сопственост на градот доделете пет илјади лакти во ширина и дваесет и пет илјади во должина, наспоредно со светото подрачје, тоа ќе му припаѓа на сиот Израелев дом.