14 А ова е уредбата за маслото: десетина ват од секој кор - десет вата е еден хомер, и десет вата е еден кор.
15 Од секое стадо од двеста овци од сочните Израелеви пасишта по една овца за жртва приносница, паленица и благодарница - вам за помирување - говори Господ Бог.
16 Сиот народ на земјата му го должи овој принос на Израелевиот кнез.
17 А кнезот е должен да дава жртви паленици, лебни приноси и налевници за празници и за млади месечини, за саботи и за сите прослави на Израелевиот дом: тој нека принесува жртва за грев, лебен принос и благодарница за покривање на гревот на Израелевиот дом.”
18 Господ Бог зборува вака: „Во првиот месец, во првиот ден во месецот, земи јунче без недостаток и да го очистиш со него Светилиштето.
19 Свештеникот нека земе крв од жртвата за грев и нека со неа ги намачка довратниците на Домот и сите четири агли на жртвеничкиот појас и довратниците на вратата на внатрешниот двор.
20 Така нека направи и во седмиот ден на истиот месец за секој кој згрешил од слабост и од незнаење. Така ќе го довршите очистувањето на Домот