Езекиел 45:6-12 MKB

6 За сопственост на градот доделете пет илјади лакти во ширина и дваесет и пет илјади во должина, наспоредно со светото подрачје, тоа ќе му припаѓа на сиот Израелев дом.

7 На кнезот му припаѓа делот од двете страни на светото подрачје и на градскиот недвижен имот - вдолж на светото подрачје и долж на градската сопственост - од западната страна кон запад и од источната страна кон исток, а должината нека му биде еднаква на секој тој дел, од западната до источната граница.

8 Тоа нека биде негова земја, имот во Израел, за да не го угнетуваат веќе кнезовите Мојот народ и за да му ја дадат земјата на Израелевиот дом по племиња.”

9 Господ Бог зборува вака: „Доста е, Израелеви кнезови! Откажете се од насилството и од грабежот и вршете ги законот и правдата; избавете го Мојот народ од своите побарувачки - говори Господ Бог.

10 Мерете со права мерка: со права ефа и со ват.

11 Ефата и ватот нека опфаќаат еднаков обем; ватот нека изнесува десет хомери и ефата десет хомери - мерата нека им биде според хомерот.

12 Шекелот нека биде дваесет гера; мината нека ви биде: дваесет шекели, дваесет и пет шекели, и петнаесет шекели.