Езекиел 46:1-7 MKB

1 Господ Бог зборува вака: „Вратата на внатрешниот двор, што гледа кон исток, нека биде затворена шест работни денови, а нека биде отворувана во саботниот ден; и нека биде отворувана во денот на младата месечина.

2 Кнезот нека влегува низ нивниот трем и нека застане кај довратникот; тогаш свештениците ќе ги принесат неговата паленица и жртва благодарница, а тој ќе се поклони при прагот на вратата и ќе излезе. Вратата нека не се затворува до вечер.

3 При влезот на истата врата во сабота и при млада месечина, народот на земјата ќе Му се поклонува на Господа.

4 Паленицата што кнезот ќе му ја принесува на Господа, во сабота, нека биде: шест јагниња без недостаток, овен без недостаток.

5 А лебниот принос нека биде по ефа на овен, а на јагнето колку и како кој може и по ин масло на ефа.

6 Во денот на млада месечина нека бидат принесени: јунец без недостаток, шест јагниња и овен без недостаток.

7 А за лебниот принос нека се принесе по ефа на јунецот, по ефа на овен, и по ин масло на ефа.