Езекиел 46:18-24 MKB

18 Кнезот не смее да присвои ништо од наследството на народот, ограбувајќи народниот недвижен имот. На своите синови нека им даде наследство од својот имот, за да не се распрсне народот, протеран од својата сопственост.”‘“

19 Потоа ме одведе низ влезот покрај вратата во свештеничките простории на Светилиштето што гледаа кон север, и ете: таму, во дното, кон запад, едно место!

20 И ми рече: „Ова е местото каде што свештениците ќе ги варат жртвите за престапи и за грев и жртвата помирница, каде ќе ги печат лебните приноси за да не ги изнесат во надворешниот двор та да го осветат народот.”

21 Потоа ме изведе во надворешниот двор и ме помина покрај четирите агли на дворот, и ете, во секој агол на дворот беше мало дворче.

22 Тие мали дворови во четирите агли на дворот беа долги четириесет лакти, широки триесет - сите четири со исти размери;

23 сите четири опашани со ѕид, а под ѕидот секаде наоколу беа изградени огништа.

24 И ми рече: „Тоа се готвачилниците каде што слугите на Домот ќе му ги варат жртвите на народот „