5 А лебниот принос нека биде по ефа на овен, а на јагнето колку и како кој може и по ин масло на ефа.
6 Во денот на млада месечина нека бидат принесени: јунец без недостаток, шест јагниња и овен без недостаток.
7 А за лебниот принос нека се принесе по ефа на јунецот, по ефа на овен, и по ин масло на ефа.
8 Кога кнезот ќе влегува, нека влегува низ тремот на вратата и нека излегува по истиот пат.
9 А кога народот на земјата ќе доаѓа во празниците пред Господа оној кој ќе влезе низ северната врата за да се поклони, нека излезе низ јужната, а кој ќе влезе низ јужната, нека излезе низ северната; нека не се враќа кон вратата низ која што влегол, туку нека излезе низ спротивната.
10 И кнезот нека биде со нив: кога ќе влегуваат тие, нека влезе и тој и нека излезе кога ќе излегуваат тие.
11 На празниците и на свечените денови нека се принесува лебен принос по ефа на јунец и по ефа на овен, а на јагне колку кој може и по ин масло на ефа.