18 Источната страна: меѓу Авран и Дамаск, меѓу Галад и Израелевата Земја, па до Јордан како граница кон Источното Море до Тамар - источната страна.
19 Јужната страна: кон југ од Тамара до Меривските Води и до Кадис па до потокот кон Големото Море - јужната страна, кон југ.
20 А западната страна: граница е Големото Море, па во близина до влезот во Емат - тоа е западната страна.
21 Таа земја разделете ја меѓу себе според Израелевите племиња.
22 Ќе ја поделите со жрепка во наследство меѓу себе и меѓу придојдениците, кои што живеат сред вас и што сред вас народија деца. И нив ќе ги сметате домородци меѓу Израелевите синови, за да добијат и тие наследство со жрепка меѓу Израелевите синови.
23 На секој тој придојденик доделете му наследство во племето во кое што живее” - говори Господ Бог.