7 И кога се вратив, ете, на брегот имаше многу дрва на обете страни.
8 И ми рече: „Оваа вода тече во источниот крај, се спушта во Арабах и тече во морето; а кога ќе се влее во морето, водите ќе му оздрават.
9 И каде и да потече потокот, секое суштество што се движи ќе биде живо; и ќе има мошне многу риби, зашто каде и да дојде оваа вода, сè оздравува и оживува - каде и да протече овој поток.
10 И рибарите ќе рибарат вдолж морето: Од Ен Гад до Ен Еглаим ќе се сушат мрежи; и ќе има мошне многу секакви риби како во Големото Море.
11 А мочуриштето на она море и неговите бари не ќе оздрават: ќе бидат за сол.
12 Вдолж потокот на обете страни ќе растат секакви овошки: лисјата нема да им паѓаат и од нив нема да снемува плод; секој месец ќе раѓаат нов плод, зашто водата им дотечува од Светилиштето. Нивниот плод ќе биде за јадење, а лисјата за лек.”
13 Господ Бог зборува вака: „Ова се границите во кои ќе ја поделите земјата во наследство меѓу дванаесетте Израелеви племиња - на Јосифа два дела.