Езекиел 48:20-26 MKB

20 И така, сето задржано подрачје - дваесет и пет илјади лакти по дваесет и пет илјади лакти, во четириаголник - ќе Му го принесете на Господа: и светото подрачје и градскиот имот.

21 На кнезот му припаѓа што ќе остане: од обете страни на светото подрачје и на градскиот имот - кон исток дваесет и пет илјади лакти, кон источната страна, и кон запад дваесет и пет илјади лакти, кон западната страна, наспоредно со другите подрачја - сè тоа е за кнезот. А во средината е светото подрачје и Светилиштето на Домот.

22 Од левитскиот имот и од градскиот имот што е во средината, му припаѓа на кнезот; и меѓу Јудиното и Венијаминовото подрачје: и тоа е на кнезот.

23 Другите племиња: од исток до запад - Венијаминов дел.

24 Покрај Венијаминовото подрачје, од исток до запад - Симеоновиот дел.

25 Покрај Симеоновото подрачје, од исток до запад - Исахаровиот дел.

26 Покрај Исахаровото подрачје, од исток до запад - Завулоновиот дел.