21 На кнезот му припаѓа што ќе остане: од обете страни на светото подрачје и на градскиот имот - кон исток дваесет и пет илјади лакти, кон источната страна, и кон запад дваесет и пет илјади лакти, кон западната страна, наспоредно со другите подрачја - сè тоа е за кнезот. А во средината е светото подрачје и Светилиштето на Домот.
22 Од левитскиот имот и од градскиот имот што е во средината, му припаѓа на кнезот; и меѓу Јудиното и Венијаминовото подрачје: и тоа е на кнезот.
23 Другите племиња: од исток до запад - Венијаминов дел.
24 Покрај Венијаминовото подрачје, од исток до запад - Симеоновиот дел.
25 Покрај Симеоновото подрачје, од исток до запад - Исахаровиот дел.
26 Покрај Исахаровото подрачје, од исток до запад - Завулоновиот дел.
27 Покрај Завулоновото подрачје, од исток до запад - Гадовиот дел.