26 Покрај Исахаровото подрачје, од исток до запад - Завулоновиот дел.
27 Покрај Завулоновото подрачје, од исток до запад - Гадовиот дел.
28 Покрај Гадовото подрачје, на јужната страна, кон југ, границата оди од Тамара до Меривските Води и до Кадис, па до потокот кон Големото Море.
29 Тоа е земјата што ќе им ја поделите со жрепка во наследство на Израелевите племиња, тоа се нивните делови” - говори Господ Бог.
30 И еве ги излезите на градот: на северната страна - четири илјади и пет стотини лакти.
31 Градските врати ќе бидат наречени според имињата на Израелевите племиња. Три врати кон север: Рувимовата Врата, Јудината Врата, Левиевата Врата.
32 Кон источната страна - четири илјади и пет стотини лакти - три врати: Јосифовата Врата, Венијаминовата Врата, Дановата Врата.