Езекиел 48:6-12 MKB

6 Покрај Ефремовото подрачје, од исток до запад - Рувимовиот дел.

7 Покрај Рувимовото подрачје, од исток до запад - Јудиниот дел.

8 Покрај Јудиното подрачје, од исток до запад - нека биде задржано подрачјето што ќе Му го принесете на Господа; дваесет и пет илјади лакти во ширина, а во должина како секој друг дел, од исток до запад. Светилиштето нека биде во средина.

9 Тоа задржано подрачје што ќе Му го принесете на Господа, нека биде долго дваесет и пет илјади лакти, широко десет илјади.

10 Тоа свето, принесено подрачје за свештениците нека биде на север дваесет и пет илјади лакти; кон запад широко десет илјади; кон исток широко десет илјади; кон југ долго дваесет и пет илјади. Господовото Светилиште нека биде во средина.

11 А на посветените свештеници, на Садоковите потомци, кои што Ми служеа верно и не застранија, како левитите, кога застранија Израелевите синови:

12 ним ќе им припадне дел од тоа најсвето подрачје на земјата, покрај левитското подрачје.