Езекиел 5:1-7 MKB

1 А ти, човечки сине, земи наострен меч, земи го како брич за бричење, и избричи ги главата и брадата. Потоа земи мерилки и раздели.

2 Третинката изгори ја во средината на градот со оган кога ќе се исполнат деновите на твојата опсада; третинката земи ја и исечи ја со меч околу градот; третинката фрли ја во ветер - и ќе го истргам Својот меч против нив.

3 Земи малку и врзи го во скутот на облеката.

4 Од тоа пак земи нешто, фрли го во оган и изгори го: оттаму ќе се разгори оган за сиот Израелев дом!

5 Господ Бог зборува вака: ‘Ова е Ерусалим! Го поставив во средиштето на народите, го опкружив со земји!

6 Но тој им се спротивстави на Моите наредби повеќе отколку незнабошците, на Моите закони повеќе, отколку земјите што го опкружуваат.’

7 Затоа вака зборува Господ Бог: ‘Побунтовни сте од народите кои ве опкружуваат, не одите по Моите закони и не ги исполнувате ни Моите наредби, ни наредбите на околните народи.