Езекиел 5:12-17 MKB

12 третината од твоите жители ќе завршат среде тебе од помор и ќе умрат од глад; третината ќе падне од меч околу тебе; третината ќе им ја предадам на ветровите, и Мојот меч ќе го истргам против нив!

13 Така ќе го излеам Мојот гнев, и Мојата јарост ќе се смири кога ќе Се задоволам и кога ќе ја излеам Мојата јарост, над нив, ќе сознаат дека тоа Јас, Господ, го реков во Мојата ревност.

14 Ќе те отпуштам, ќе те подложам на потсмев на народите кои те опкружуваат, пред очите на сите минувачи.

15 Да, ќе бидеш за укор и срам, опомена и ужас за околните народи, кога ќе ги извршам против тебе сите Свои судови казнувајќи гневно, јаросно. Јас , Господ, реков!

16 И кога на вас ќе ги пуштам лутите стрели на гладот, што сотруваат што ќе ги пуштам на вас, за да ве уништам и за да ве сотрам со глад, ќе ви ја уништам и последната поткрепа во леб.

17 А освен гладот ќе пуштам на вас и лути ѕверови, што ќе ти ги раскинуваат децата; помор и крв ќе те преплават: ќе те свртам под Својот меч. Јас, Господ, реков!’”