3 Земи малку и врзи го во скутот на облеката.
4 Од тоа пак земи нешто, фрли го во оган и изгори го: оттаму ќе се разгори оган за сиот Израелев дом!
5 Господ Бог зборува вака: ‘Ова е Ерусалим! Го поставив во средиштето на народите, го опкружив со земји!
6 Но тој им се спротивстави на Моите наредби повеќе отколку незнабошците, на Моите закони повеќе, отколку земјите што го опкружуваат.’
7 Затоа вака зборува Господ Бог: ‘Побунтовни сте од народите кои ве опкружуваат, не одите по Моите закони и не ги исполнувате ни Моите наредби, ни наредбите на околните народи.
8 Затоа вака зборува Господ Бог: ‘Еве Ме и Мене против тебе! Ќе го извршам Својот суд над тебе пред очите на сите народи.
9 Заради твоите гадости ќе направам со тебе што никогаш не сум направил ниту ќе направам некогаш: