Езекиел 5:4-10 MKB

4 Од тоа пак земи нешто, фрли го во оган и изгори го: оттаму ќе се разгори оган за сиот Израелев дом!

5 Господ Бог зборува вака: ‘Ова е Ерусалим! Го поставив во средиштето на народите, го опкружив со земји!

6 Но тој им се спротивстави на Моите наредби повеќе отколку незнабошците, на Моите закони повеќе, отколку земјите што го опкружуваат.’

7 Затоа вака зборува Господ Бог: ‘Побунтовни сте од народите кои ве опкружуваат, не одите по Моите закони и не ги исполнувате ни Моите наредби, ни наредбите на околните народи.

8 Затоа вака зборува Господ Бог: ‘Еве Ме и Мене против тебе! Ќе го извршам Својот суд над тебе пред очите на сите народи.

9 Заради твоите гадости ќе направам со тебе што никогаш не сум направил ниту ќе направам некогаш:

10 среде тебе татковците ќе ги јадат синовите, а синовите татковците, ќе го извршам Својот суд над тебе и сиот твој остаток ќе им го предадам на сите ветрови!