Езекиел 5:6-12 MKB

6 Но тој им се спротивстави на Моите наредби повеќе отколку незнабошците, на Моите закони повеќе, отколку земјите што го опкружуваат.’

7 Затоа вака зборува Господ Бог: ‘Побунтовни сте од народите кои ве опкружуваат, не одите по Моите закони и не ги исполнувате ни Моите наредби, ни наредбите на околните народи.

8 Затоа вака зборува Господ Бог: ‘Еве Ме и Мене против тебе! Ќе го извршам Својот суд над тебе пред очите на сите народи.

9 Заради твоите гадости ќе направам со тебе што никогаш не сум направил ниту ќе направам некогаш:

10 среде тебе татковците ќе ги јадат синовите, а синовите татковците, ќе го извршам Својот суд над тебе и сиот твој остаток ќе им го предадам на сите ветрови!

11 Затоа животот Ми Мој! - Говори Господ Бог - со секакви грозности и гадости ти навистина го обесвети Моето Светилиште. И јас сега ќе те намалам и Моето око не ќе се сожали и нема да се смилува:

12 третината од твоите жители ќе завршат среде тебе од помор и ќе умрат од глад; третината ќе падне од меч околу тебе; третината ќе им ја предадам на ветровите, и Мојот меч ќе го истргам против нив!