Езекиел 6:10-14 MKB

10 И ќе сознаат дека Јас Сум Господ: не им зборував напразно дека ќе ги удрам со сето тоа зло.”

11 Господ Бог зборува вака: „Плесни со рацете и тропни со нозете та речи: ‘Леле! заради сите гнасни злодела Израелевиот дом ќе падне од меч, од глад и од помор!

12 Кој ќе биде далеку, ќе умре од помор; кој ќе биде близу, ќе падне од меч, и кој ќе биде опколен ќе издивне од глад! Така ќе го излеам гневот врз нив,

13 и ќе сознаат дека Јас Сум Господ, кога нивните загинати ќе лежат меѓу киповите околу жртвениците на секое повисоко бреже, над сите планински врвови, под секое зелено дрво, под секој разгранчест даб, секаде каде што им се кади со пријатен мирис на нивните кипови.

14 Рацете ќе ги подигнам против нив, и сета земја ќе им ја претворам во пустина, од пустината до Дивлат, насекаде каде што живеат! И ќе сознаат дека Јас Сум Господ.’”‘“