Езекиел 6:5-11 MKB

5 Ќе ги расфрлам труповите на Израелевите синови пред нивните кипови, и ќе ги расеам вашите коски околу вашите жртвеници!

6 Каде и да живеете, вашите градови ќе бидат запустени, високите места ограбени, жртвениците ќе ви запустеат и ќе бидат уништени, вашите кипови ќе бидат оборени и ќе ги снема, вашите столбови ќе бидат здробени, сите ваши дела ќе пропаднат.

7 Загинатите ќе паѓаат меѓу вас, и ќе знаете дека Јас Сум Господ.

8 Ама сепак ќе поштедам некои од вас: тие ќе му избегаат на мечот меѓу народите, кога ќе се распрснете по земјата.

9 Тогаш преживеаните меѓу вас ќе си спомнат за Мене меѓу народите каде што ќе бидат одведени во ропство, кога ќе им го скршам прељубничкото срце зашто се одметна од Мене, и кога ќе им ги ископам блудничките очи зашто отидоа по нивните кипови. И тогаш сами себе ќе се замразат заради беззаконијата што ги направија со своите гадности.

10 И ќе сознаат дека Јас Сум Господ: не им зборував напразно дека ќе ги удрам со сето тоа зло.”

11 Господ Бог зборува вака: „Плесни со рацете и тропни со нозете та речи: ‘Леле! заради сите гнасни злодела Израелевиот дом ќе падне од меч, од глад и од помор!