Езекиел 7:13-19 MKB

13 Зашто кој ќе продаде нема да добие повеќе бидејќи продал, и никој нема да го зајакне животот со беззаконие!

14 Трубите трубат и сè е приготвено, но никој не тргнува во борба, зашто Мојот гнев се излева врз сето нивно мноштво.

15 Надвор - меч а внатре - помор и глад! И кој е во полето, ќе загине од меч, а кој е во градот, гладот и поморот ќе го уништат.

16 Кои ќе избегаат ќе се засолнат во горите како долински гулаби, а Јас ќе ги истребам сите, секого заради неговото беззаконие,

17 и сите раце ќе ослабеат и сите колена ќе се затресат како вода.

18 Ќе се облечат во вреќишта, трепет ќе ги опфати, срамот ќе ги покрие сите лица, сите глави ќе останат без коса!

19 Своето сребро ќе го исфрлат по улиците, а златото ќе им биде како ѓубре, во денот на Господовиот гнев не ќе ги избават ни среброто ни златото, не ќе можат да им ги ситат душите ниту да им ги наполнат желудниците, зашто се сопнаа врз тоа за грев.