20 Се возгордеа заради својот прекрасен накит; направија кипови од него - грозности и гнасности свои: затоа им го претворив во нечистотија.
21 Ќе го дадам во рацете на туѓинците за да го запленат, за да го разграбаат и за да го обесветат.
22 Ќе го одвратам од нив Моето лице: и Мојата светина нека се обесветува само нека влезат во неа провалниците и нека ја обесчестат!
23 Подготвувај вериги, зашто земјата е полна со крв и злостори што заслужуваат смрт, и градот е преполн со насилства!
24 Затоа ќе ги доведам најлошите народи, за да ги наследат нивните домови. Ќе ја скршам гордоста на насилникот, и ќе бидат обесветени нивните светилишта.
25 Ќе доаѓаат неволја по неволја, една лоша вест по друга!
26 И ќе побараат видение од пророкот: не ќе има веќе Закон во свештеникот ни совет во старешината!