24 Затоа ќе ги доведам најлошите народи, за да ги наследат нивните домови. Ќе ја скршам гордоста на насилникот, и ќе бидат обесветени нивните светилишта.
25 Ќе доаѓаат неволја по неволја, една лоша вест по друга!
26 И ќе побараат видение од пророкот: не ќе има веќе Закон во свештеникот ни совет во старешината!
27 Царот ќе жалее а кнезот ќе го опфати ужас, и рацете на народот ќе се растреперат, зашто ќе ги наградам според нивните патишта и ќе им судам според нивните судови. И ќе знаат дека Јас Сум Господ.”‘“