Езекиел 8:1-6 MKB

1 Во шестата година, во шестиот месец, во петтиот ден, додека седев во својата куќа, а пред мене јудејските старешини, Господовата рака се спушти на мене.

2 Погледнав, и ете: тука како некој човек; од неговите слабини надолу како оган, а од неговите слабини нагоре како блескање, нешто слично на усвитена ковина.

3 Испружи нешто слично на рака и ме фати за косата на главата. Тогаш Духот ме подигна меѓу земјата и небото и ме однесе во Божји привид во Ерусалим, при влезот на внатрешната врата, што е свртена кон север, каде што стои идолот на љубомората што предизвикува љубомора.

4 И ете, таму беше Славата на Израелевиот Бог, како што ја видов во долината.

5 И ми рече: „Човечки сине, подигни ги очите кон север!” И ги подигнав очите кон север. И ете, идолот, на ревноста беше и на север, покрај вратата на жртвеникот, на страната кон влезот.

6 И ми рече: „Човечки сине, гледаш ли што прават тие тука? Тоа се големи гнасности што Израелевиот дом ги прави тука, само за да Ме отстрани од Моето светилиште. А ќе видиш и полоши гнасности!”