Езекиел 8:13-18 MKB

13 И уште ми рече: „А ќе видиш и полоши гнасности што се прават тука!”

14 И ме поведе до вратата на Господовиот Дом што се свртени кон север. И ете, таму седеа жени и го оплакуваа Тамуза.

15 И ми рече: „Гледаш ли, човечки сине? А ќе видиш и полоши гнасности од овие!”

16 И ме поведе во внатрешниот двор на Господовиот Дом. Таму, при влезот во Господовиот Храм, меѓу тремот и жртвеникот, имаше околу дваесет и пет луѓе, свртени со плеќите кон Господовиот Храм, а со лицето кон исток, и таму кон исток му се поклонуваа на сонцето

17 И ми рече: „Дали го гледаш тоа човечки сине? Малку ли се во Јудиниот Дом сите овие гнасности што ги прават тука, туку уште ми ја полнат земјата и со насилство, и Ме предизвикуваат повторно, и мавтаат со гранки пред носот?

18 Затоа и Јас ќе постапам сега со нив јаросно, и Моите очи веќе не ќе се сожалат, и нема да им се смилувам. И кога ќе почнат да викаат со сиот глас во Моите уши, нема да ги послушам.”