4 И ете, таму беше Славата на Израелевиот Бог, како што ја видов во долината.
5 И ми рече: „Човечки сине, подигни ги очите кон север!” И ги подигнав очите кон север. И ете, идолот, на ревноста беше и на север, покрај вратата на жртвеникот, на страната кон влезот.
6 И ми рече: „Човечки сине, гледаш ли што прават тие тука? Тоа се големи гнасности што Израелевиот дом ги прави тука, само за да Ме отстрани од Моето светилиште. А ќе видиш и полоши гнасности!”
7 И ме поведе до вратата на дворот. Погледнав, и ете, пукнатица во ѕидот.
8 И ми рече: „Човечки сине, пробиј го тој ѕид!” Го пробив ѕидот, а тоа - влез!
9 И ми рече: „Влези и погледај ги стравотните гадности што тука се прават!”
10 Влегов и погледнав, и ете, секакви слики на лазачи и на гнасни животни - сè идоли на Израелевиот дом, нашарани на ѕидот, секаде наоколу.