Езекиел 8:9-15 MKB

9 И ми рече: „Влези и погледај ги стравотните гадности што тука се прават!”

10 Влегов и погледнав, и ете, секакви слики на лазачи и на гнасни животни - сè идоли на Израелевиот дом, нашарани на ѕидот, секаде наоколу.

11 А пред тие идоли седумдесет луѓе од старешините на Израелевиот дом, и меѓу нив и Сафановиот син Јазаниј. И кај секого од нив во раката кадилница, од која се подигаше густ облак на силно мирислив темјан.

12 И ми рече: „Човечки сине, гледаш ли што во таа темнина прават старешините на Израелевиот дом, секој во својата насликана соба? И уште зборуваат: ‘Господ не нè гледа, бидејќи Господ ја напушти земјата!’

13 И уште ми рече: „А ќе видиш и полоши гнасности што се прават тука!”

14 И ме поведе до вратата на Господовиот Дом што се свртени кон север. И ете, таму седеа жени и го оплакуваа Тамуза.

15 И ми рече: „Гледаш ли, човечки сине? А ќе видиш и полоши гнасности од овие!”