13 И во смеата срцето чувствува болка, а после веселбата доаѓа тага.
14 Лукавиот се сити со своите престапи, а добриот човек со својот труд.
15 Глупавиот верува на секој збор, а умниот внимава на својот чекор.
16 Мудриот се бои и се отклонува од злото, а безумниот се распалува и е смел.
17 Избувливиот човек прави лудости, и зломисленикот ќе биде замразен.
18 Глупавите ја наследуваат лудоста, а мудрите ги овенчува знаењето.
19 Лошите се поклонуваат пред добрите, и нечесните пред вратите на праведникот.