Изреки 9 MKB

1 Мудроста си изгради дом и изделка седум столбови.

2 Ги искла своите животни, го измеша своето вино и го сложи својот стол.

3 Ги испрати своите слугинки да објават од градските височини:

4 „Кој е глупав, нека наврати ваму!” А на неразумните им говори:

5 „Дојдете, јадете од мојот леб и пијте вино, што го измешав;

6 оставете ја лудоста, за да живеете, и одете по патот на разумот.

7 Кој поучува подбивач, добива срам, и кој кори нечесен, се валка себе си.

8 Не изобличувај го потсмевачот, за да не те замрази, кори го мудриот за да те засака.

9 Поучи го мудриот, и ќе биде уште помудар; упати го праведниот, и ќе се зголеми неговото знаење.

10 Стравот од Господа е почеток на мудроста и познавањето на Светиот е разум.

11 Преку Мене ти се умножуваат деновите и ти се множат годините на животот.

12 Ако си мудар, за себе си мудар; ако бидеш потсмевач, самиот ќе поднесуваш.”

13 Безумната жена е немирна, проста е и не знае ништо.

14 Седи при вратата на својата куќа на столица, во градските височини,

15 па ги повикува оние, кои поминуваат по патот, кои одат право по своите патеки:

16 „Кој е неискусен, нека наврати ваму!” и на неразумниот му говори:

17 „Крадената вода е слатка, и пријатно е да се јаде леб скришно.”

18 А тој не знае дека мртвите се таму, дека нејзините гости се во длабочините на пеколот.

поглавја

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31