Изреки 18 MKB

1 Себичниот ја сака само својата желба; и се противи на секое здраво расудување.

2 Глупецот нема наслада во знаењето, нему му е само да си го искажува срцето.

3 Кога доаѓа нечесниот, доаѓа и презирот, а со нечесноста доаѓа прекорот.

4 Зборовите од човечката уста се длабоки води, извор на мудрост - порој што се разлива.

5 Не е добро: да се обѕира на нечесна личност, да му се нанесе неправда на праведникот во судот.

6 Безумниковите усни се впуштаат во препирки, и неговата усна предизвикува удари.

7 Сопствената уста е пропаст за безумниот, и усните му се примка за неговата душа.

8 Клеветниковите зборови се како слатки: се спуштаат до дното на утробата.

9 Кој е негрижлив во својата работа брат му е на расипникот.

10 Господовото име е цврста кула: праведникот прибегнува кон него и наоѓа засолниште.

11 Имотот на богатиот е утврден град, и како висок ѕид во неговото мечтаење.

12 Пред загинувањето се гордее човековото срце, а пред славата оди смиреноста.

13 Кој одговара пред да чуе, тоа му е лудост и срам.

14 Кога е човекот болен неговиот дух го подига, а поразениот дух, кој може да го подигне?

15 Разумното срце придобива знаење, и увото на мудрите бара знаење.

16 Подарокот му отвора пат на човекот и го води пред големците.

17 Кој прв го заштитува своето дело се чини дека е прав, а кога ќе дојде неговиот сосед го испитува.

18 Жрепката ги прекратува споровите, и одлучува меѓу силните.

19 Навредениот брат е појак од цврст град, и расправите се како лостови на тврдина.

20 Секој го наситува желудникот со плодот на својата уста, се наситува со родот на своите усни.

21 Смртта и животот се во власта на јазикот, а кој го милува, јаде од неговиот плод.

22 Кој нашол добра жена, ја нашол среќата и добил милост од Господа.

23 Бедниот зборува молејќи понизно, а богатиот одговара грубо.

24 Има пријатели кои водат во пропаст, а има и пријател поприврзан од брат.

поглавја

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31