16 Мудриот се бои и се отклонува од злото, а безумниот се распалува и е смел.
17 Избувливиот човек прави лудости, и зломисленикот ќе биде замразен.
18 Глупавите ја наследуваат лудоста, а мудрите ги овенчува знаењето.
19 Лошите се поклонуваат пред добрите, и нечесните пред вратите на праведникот.
20 Сиромавиот им е омразен и на своите пријатели, а богатиот има многу другари.
21 Греши кој го презира својот ближен, а блазе на оној кој е милостив кон сиромасите.
22 Не одат ли по заблуда оние што смислуваат зло? А зар не се добрината и верноста со оние што смислуваат добро.