19 Лошите се поклонуваат пред добрите, и нечесните пред вратите на праведникот.
20 Сиромавиот им е омразен и на своите пријатели, а богатиот има многу другари.
21 Греши кој го презира својот ближен, а блазе на оној кој е милостив кон сиромасите.
22 Не одат ли по заблуда оние што смислуваат зло? А зар не се добрината и верноста со оние што смислуваат добро.
23 Од секој труд има полза, а од брбливоста на усните само сиромаштво.
24 На мудрите венец им е нивното богатство, а глупоста на безумните е нивната лудост.
25 Вистинскиот сведок избавува души, а лажниот сведок истура лаги.