24 На мудрите венец им е нивното богатство, а глупоста на безумните е нивната лудост.
25 Вистинскиот сведок избавува души, а лажниот сведок истура лаги.
26 Во стравот од Господа е голема верба, и е прибежиште за неговите синови.
27 Стравот од Господа е извор на животот; Тој избавува од стапицата на смртта.
28 Многуброен народ е слава за царот, а без луѓе владетелот пропаѓа.
29 Кој се гневи бавно има големо разбирање, а избувливиот во дух покажува глупост.
30 Тивкото срце е живот на телото, а љубомората е гнилеж во коските.