27 Стравот од Господа е извор на животот; Тој избавува од стапицата на смртта.
28 Многуброен народ е слава за царот, а без луѓе владетелот пропаѓа.
29 Кој се гневи бавно има големо разбирање, а избувливиот во дух покажува глупост.
30 Тивкото срце е живот на телото, а љубомората е гнилеж во коските.
31 Кој го угнетува бедниот, го навредува неговиот Творец, а кој е милостив кон бедниот Го почитува.
32 Нечесниот пропаѓа заради сопствената пакост, а праведникот и при самата смрт наоѓа засолниште.
33 Мудроста почива во разумно срце, а што е во безумниот тоа и се покажува.