4 Каде нема волови, јаслите се празни, а жетвата е изобилна од силата на воловите.
5 Вистинскиот сведок не лаже, а лажниот сведок шири лага.
6 Потсмевачот бара мудрост и не ја наоѓа, а разумниот лесно доаѓа до знаење.
7 Оди си од безумниот човек, зашто нема да запознаеш усни што зборуваат знаење.
8 Мудроста на мудриот човек е во тоа: што внимава на својот пат, а глупоста на безумникот е заблуда.
9 На лудите гревот им е шега, а среде праведните е Божјата наклонетост.
10 Срцето ја познава својата душевна мака, и неговата радост не може да ја дели никој друг.