9 На лудите гревот им е шега, а среде праведните е Божјата наклонетост.
10 Срцето ја познава својата душевна мака, и неговата радост не може да ја дели никој друг.
11 Домот на нечесните ќе пропадне а живеалиштето на праведниците ќе процвета.
12 Некој пат му се чини на човекот прав, а на крајот води кон смртта.
13 И во смеата срцето чувствува болка, а после веселбата доаѓа тага.
14 Лукавиот се сити со своите престапи, а добриот човек со својот труд.
15 Глупавиот верува на секој збор, а умниот внимава на својот чекор.