1 Подобро е залаг сув леб во мир, отколку куќа со расправии, полна со печена жртва.
2 Разумниот слуга владее над синот на срамот и ќе дели наследството со браќата.
3 Топилницата е за сребро, а печката за златото, а самиот Господ го испитува срцето.
4 Злочинецот ги слуша лажливите усни, а лажливецот го прислушкува погубувачкиот јазик.
5 Кој му се потсмевнува на сиромашниот, Му се потсмевнува на неговиот Создател, и кој се радува на несреќата, не останува без казна.
6 Внучињата се венец на старците, а синовите се слава на нивните татковци.
7 Не му прилега на лудиот возвишена беседа, а уште помалку на началникот лажливи усни.