11 Лошиот човек оди сам по злото, но жесток гласник се испраќа против него.
12 Подобро е да нагазиш на мечка, чии мечиња се грабнати, отколку на безумник во неговата лудост.
13 Кој враќа зло за добро, не ќе ја отстрани несреќата од својот дом.
14 Започнувањето на караница е исто како да се пушти поплава, и затоа пред да избувне караница оддалечи се!
15 Кој го оправдува виновникот и кој го осудува правиот, двајцата Му се омразени на Господа.
16 Зошто е богатството во рацете на безумникот за да купи мудрост со нив, кога нема разум!?
17 Пријателот љуби во секое време, а во неволја станува и брат.