13 Кој враќа зло за добро, не ќе ја отстрани несреќата од својот дом.
14 Започнувањето на караница е исто како да се пушти поплава, и затоа пред да избувне караница оддалечи се!
15 Кој го оправдува виновникот и кој го осудува правиот, двајцата Му се омразени на Господа.
16 Зошто е богатството во рацете на безумникот за да купи мудрост со нив, кога нема разум!?
17 Пријателот љуби во секое време, а во неволја станува и брат.
18 Неразумниот човек дава рака и емчи пред својот ближен.
19 Гревот го љуби кој ја љуби препирката, и кој ја издига високо својата врата, бара пропаст.