18 Неразумниот човек дава рака и емчи пред својот ближен.
19 Гревот го љуби кој ја љуби препирката, и кој ја издига високо својата врата, бара пропаст.
20 Опакиот во срцето не наоѓа добро, и кому јазикот му е лош, западнува во несреќа.
21 Кој ќе роди безумник, на тага му е; а не е весел ни таткото на лудиот.
22 Веселото срце е одличен лек, а невеселиот дух ги суши коските.
23 Нечесниот прима подарок од под пазуви, за да ги искриви патиштата на правдата.
24 Разумниот ја има мудроста пред себе, а очите на безумниот се кон крајот на земјата.