20 Опакиот во срцето не наоѓа добро, и кому јазикот му е лош, западнува во несреќа.
21 Кој ќе роди безумник, на тага му е; а не е весел ни таткото на лудиот.
22 Веселото срце е одличен лек, а невеселиот дух ги суши коските.
23 Нечесниот прима подарок од под пазуви, за да ги искриви патиштата на правдата.
24 Разумниот ја има мудроста пред себе, а очите на безумниот се кон крајот на земјата.
25 Безумниот син е грижа на татка си и жалост на својата мајка.
26 Не чини да биде казнуван праведникот, а не е право ни да бидат биени благородните.