5 Кој му се потсмевнува на сиромашниот, Му се потсмевнува на неговиот Создател, и кој се радува на несреќата, не останува без казна.
6 Внучињата се венец на старците, а синовите се слава на нивните татковци.
7 Не му прилега на лудиот возвишена беседа, а уште помалку на началникот лажливи усни.
8 Подарокот е драгоцен камен во очите на оној што го дава: каде и да се заврти, успева.
9 Кој го прикрива престапот, бара љубов, а кој шири клеветнички гласови, ги скарува и најинтимните пријателите.
10 Изобличувањето го притиска разумниот повеќе, отколку сто удари безумниот.
11 Лошиот човек оди сам по злото, но жесток гласник се испраќа против него.