1 Добро име е подобро од големо богатство, и подобра е милоста од сребро и злато.
2 Богатиот и сиромавиот се сретнуваат: Господ ги создаде двајцата.
3 Претпазливиот го предвидува злото и се скрива, а неразумните одат напред, и претрпуваат казна.
4 Наградата за понизност е: страв од Господа, богатство, слава и живот.
5 Трње и примки се на патот на измамникот; кој го чува својот живот, далеку е од двете.